Faculty of Philosophy

|

Институт за безбедност, одбрана и мир
МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ПРИВАТНА БЕЗБЕДНОСТ ВО XXI ВЕК: ИСКУСТВА И ПРЕДИЗВИЦИ


(15-16 септември 2016 г., Охрид)




ПОКАНА

Драги колеги,
Институтот за безбедност, одбрана и мир има задоволство да упати покана до научни работници и истражувачи за учество на годишната меѓународна научна конференција која ќе се одржи на 15-16 септември 2016 година во Охрид или Скопје. Оваа година нашата редовна годишна конференција е посветена на исклучително актуелна и интересна тема, и од академска и од практична гледна точка. Работниот наслов е „Приватна безбедност во 21 век: искуства и предизвици“, а идејата е на едно место да собере научни работници од поширокиот регион на Балканот, но и од повеќе западни земји, како и експерти и познавачи на областа.

Целта на конференцијата е споделување на сознанијата и истражувачките резултати за теориските основи на концептот и за добрите и негативните практики во приватизацијата на безбедноста.

Во широката лепеза на можни теми за кои ќе се дискутира на конференцијата, издвојуваме само неколку кои ги сметаме за централни:



− Приватната безбедност и јавниот поредок: деликатен баланс
− Развојот на приватната безбедносна индустрија во Македонија, на Балканот и во светот
− Искуствата на развиените демократии во сферата на приватизацијата на безбедноста
− Приватен безбедносен сектор: легитимација и регулација
− Приватна безбедност наспроти корпорациската безбедност
− Јавна и приватна безбедност - соработка или ривалитет?
− Приватната безбедност и човековите права
− Приватизацијата на безбедноста низ родова призма
− Приватизацијата на безбедноста и градењето на мирот
− Управување со приватниот безбедносен сектор
− Проценка на ризици во заштитата на лица, имот и дејности
− Приватните безбедносни актери и хуманитарните операции и операциите за чување на мирот